gogo

A+ R A-


Дерби на Истокот, Брегалница го пречекува Силекс

altДенешниот ден е вистински празник на фудбалскиот Исток, денес во Кочани, на неутрален терен ќе се види кој е владетелот на Истокот, дали фудбалерите на Силекс или условно домаќинот на овој меч, Брегалница од Штип. Атмосферата е наелектризирана, бодовите се потребни и на двата тима за да се зацврстат во горниот дел од табелата, далеку од последните две места кои водат во понизок ранг.
Во редовите на Силекс сите играчи се подготвени за битка, нема повредени и суспендирани фудбалери. Кај домаќинот ќе го нема Ангел Нацев поради повреда и Саше Ѓорески поради црвен картон во претходното коло. Интересно е што и двајцата се поранешни играчи на Силекс.
Во обложувалниците букмејкерите, по малку зачудувачки, и даваат предност на Брегалница. Квотата за 1 е 2.30, а за тримф на кратовци околу 2.80. Мечот започнува во 16.30 на стадионот „Никола Мантов“во Кочани, а ќе го суди Димитар Мечкаровски.

Во рамките на 3.коло од Првата македонска фудбалска лига, денеска на програмата се четири натпревари а еден дуел е одложен.
altДвојките се:
Брегалница – Силекс,
Македонија ЃП – Пелистер,
Победа – Вардар и 
Работнички – Ренова.
Натпреварот помеѓу екипите на Шкендија и Шкупи на барање на екипата од Тетово е одложен поради настап на Шкендија во плеј-офот во Лигата на Европа на УЕФА. Терминот на одигрување на овој натпревар дополнително ќе биде закажан од страна на Комисијата за натпревари на ФФМ.
На табелата водат Пелистер и Работнички со по 6 бода, пред Вардар и Ренова кои имаат по 4, Силекс и Шкендија имаат по 3, Шкупи и Брегалница се со по 1 освоен бод, а на дното се Победа и Македонија ЃП без освоен бод по првите две кола.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.