gogo

A+ R A-


Додев: Ренова ни е стар муштерија, време е за прв триумф

Фудбалерите на Силекс не стартуваа најдобро во новата фудбалска сезона, освојувајќи само еден бод на двата воведни меча. Дома неочекувано ремизираше со Шкупи, а на гости загуби од Работнички. За разлика од нив, Ренова оствари изненадувачка победа на гости со Работнички, но загуби дома од Вардар. Токму овие два тима утре ќе се сретнат во Кратово (16.30), во рамки на третото коло. Голем оптимист во редовите на Силекс е крилниот напаѓач Дарко Додев, кој посакува триумф за својот тим.
-Мислам дека несреќниот пораз од Работнички го заборавивме и комплетно се насочивме кон дуелот со Ренова. Императив се трите бода, нас не не интересира ништо друго, освен прв триумф во новата сезона. Мислам дека имаме квалитетен тим, желен за надигрување, а на другаа страна имаме тим кој е стар муштерија на Силекс, кој редовно ги оставал бодовите во Кратово. Тоа е традиција и тоа не мора ништо да значи. Ако не одиграме како што најдобро знаеме, победата нема да дојде сама - вели Додев.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.