gogo

A+ R A-


Ефремов посакува „чиста мрежа“ и бодови од дуелот со Работнички

alt

Денешниот меч Работнички - Силекс е дуел на два тима кои се под дополнителен притисок и стрес откако пропуштија победи на свој терен во првото пролетно коло, и тоа во последните секунди од мечот. Сега е време за поправен, за три бода и поведра атмосфера. Жикица Тасевски сака реванш за поразот во Кратово, а двоецот Митевски - Симов посакува гостинска победа, за конечно Силекс да ја напушти бараж-зоната и да заплива во помирни води.
Со посебни мотиви во овој меч влегува и голманот на Силекс, Андреја Ефремов, кој во минатото беше „романтичар“. Тој посакува чиста мрежа, а за останатото треба да се погрижат напаѓачите.
-Шокот што го доживеавме со Шкупи е надминат, сега во позитивна атмосфера го очекуваме денешниот дуел со Работнички. Самодовербата ни е на потребното ниво и одиме по позитивен резултат. Знаеме за квалитетите на Работнички, имаат одличен тим, со добри играчи на сите позиции, но ние веруваме во себе и се надеваме дека ќе се вратиме со бодови од Скопје - изјави Андреја Ефремов.
Судија на мечот ќе биде Зоранчо Темелков, а стартот е закажан за 14 часот, со пренос на платформата на ФФМ.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2485
mod_vvisit_counterВчера2414
mod_vvisit_counterОваа недела14024
mod_vvisit_counterМинатата недела24008
mod_vvisit_counterОвој месец75066
mod_vvisit_counterМинатиот месец93069
mod_vvisit_counterВкупно11067324
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.