gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Ели Јаковска, наследничка на Наташа Андонова во женскиот фудбал

altЕЛИ ЈАКОВСКА Е РОДЕНА НА 16.05.1995 ГОДИНА ВО ШТИП. ФУДБАЛСКИТЕ ПОЧЕТОЦИ ГИ ЗАПОЧНУВА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ НАСТАПУВАЈЌИ НА СИТЕ ТУРНИРСКИ СПОРТОВИ. СО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ПРОДОЛЖУВА ПО СТАПКИТЕ НА СПОРТОТ И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕ ЗАПИШУВА НА СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА ВО ПРОБИШТИП. ЕЛИ НИ ВО ЕДЕН МОМЕНТ НЕ СЕ ОТКАЖА ОД СПОРТОТ ИАКО НЕМАШЕ ЖЕНСКИ КЛУБ ВО НЕЈЗИНИОТ ГРАД. СО СВОЈАТА ПРЕГОЛЕМА ЖЕЛБА И СВОЈАТА ПОДДРШКА ОД СЕМЕЈСТВОТО, ПРОДОЛЖУВА ДА НАСТАПУВА НА ФУДБАЛСКИТЕ ТУРНИРИ ВО СПОРСТАКАТА ГИМНАЗИЈА ВО ПРОБИШТИП. ВО 2010 ГОДИНА СЕ ОСТВАРУВА СОНОТ И ЖЕЛБАТА НА ЕЛИ ДА ЗАИГРА ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА. ДОБИВА ПОКАНА ЗА НАСТАП ВО 2010 ГОДИНА ВО НОВООТВОРЕНИОТ ЖЕНСКИ КЛУБ “ЦРЕШОВО ТОПЧЕ“-ПРОБИШТИП, КАДЕ ЗАПОЧНУВА ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА ВО МАКЕДОНИЈА. ЕЛИ ЈАКОВСКА ТУКА НЕ ЗАСТАНУВА, ТУКУ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ НАДГРАДУВА СВОИТЕ ФУДБАЛСКИ КВАЛИТЕТИ И ВО ДРУГИТЕ КЛУБОВИ И ВО ЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА. ЕСЕНСКАТА СЕЗОНА 2010/2011 ГОД ЗАПОЧНУВА ДА ИГРА ВО ЦРЕШОВО ТОПЧЕ .СО ПРВИТЕ НАСТАПИ ВО КЛУБОТ НА ЦРЕШОВО ТОПЧЕ ЕЛИ Е ЗАБЕЛЕЖАНА ОД СЕЛЕКТОРОТ НА У-17 И ПО ОДИГРУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ КОЛА ОД ЛИГАТА ДОБИВА ПОВИК ИСТАТА 2010 ГОДИНА ДА НАСТАПУВА ЗА ЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА У-17, ТАА СО СВОЈОТ НАСТАП ВО РЕПУБЛИКА ИРСКА СЕ ПОКАЖА КАКО ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ТАЛЕНТИ ВО ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНИЈА. ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД 2011 ГОДИНА ДОБИВА ПОКАНА ДА НАСТАПУВА ВО “ ЖФК БОРЕЦ“ ОД ВЕЛЕС, И ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД 2011/2012 ГОДИНА ЗАПОЧНУВА ДА ТРЕНИРА ВО ТИМОТ НА“ ЖФК БОРЕЦ“. ЕЛИ СО СВОИТЕ НАСТАПИ 2011 ГОДИНА СТЕКНУВА ПОГОЛЕМО ФУДБАЛСКО ИСКУСТВО СО ШТО ОД altСЕЛЕКТОРОТ НА У-17 ДОБИВА ШАНСИ И СТАНУВА КАПИТЕН И ПРЕДВОДНИК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-17 ГОДИНА, НА ЕДЕН ОД НАТПРЕВАРИТЕ ГО ПОСТИГНУВА И ПРВИОТ ГОЛ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА. ВО 2012 ГОДИНА ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ НАСТАПИ ВО“ ЖФК БОРЕЦ“ И ВОЕДНО ДОБИВА ПОКАНА ЗА НАСТАП ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА У-19 И ДЕБИТИРА НА МЕЧОТ СО АЛБАНИЈА ПОД СЕЛЕКТОРСКАТА ПАЛКА НА ГОРАЗД МИХАЈЛОВ. ЕЛИ 2012/2013 ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ БРАНИ БОИТЕ НА“ЖФК БОРЕЦ“-ВЕЛЕС. ВО 2013 ГОДИНА ВО АВГУСТ МЕСЕЦ НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПОМЕЃУ СЕНИОРСКАТА ( А СЕЛЕКЦИЈА) СЕЛЕКЦИЈАТА НА БУГАРИЈА ТАА ДОБИВА ПОВИК ОД СЕЛЕКТОРОТ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ,СО СВОЈОТ НАСТАП ГИ ОПРАВДУВА ОЧЕКУВАЊАТА И ПОСТИГНУВА ГОЛ НА ДЕБИ НАСТАПОТ ЗА “А“СЕЛЕКЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. СЕПТЕМВРИ 2013 ГОДИНА КАКО ДОМАКИН НА ПРЕКФАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРАВЕНСТВО НА У-19.ВО 2013 ГОДИНА ЕЛИ ЗАСЛУЖЕНО ЈА ПОНЕСЕ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ СО НАЈМНОГУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ ВО ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНИЈА. ЕЛИ ЈАКОВСКА КАКО КАПИТЕН ЈА ПРЕДВОДИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И НА ТРЕТИОТ МЕЧ СО ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО ИСТЕКОТ НА ПОСЛЕДНАТА МИНУТА НИ ОБЕЗБЕДУВА ГОЛЕМА ПОБЕДА И ТРЕТО МЕСТО ВО ГРУПАТА. ВО 2013/2014 ГОДИНА ЗАМИНУВА ДА ГИ БРАНИ БОИТЕ ВО ЖФК ТИВЕРИЈА ИСТАТОВ-СТРУМИЦА.И ТАКА ОД 2014 ГОДИНА СТАНУВА ПОСТОЈАН ИГРАЧ НА А СЕЛЕКЦИЈАТА КАДЕ СЕКОЈ НАТПРЕВАР Е ДЕЛ ОД ТИМОТ. ВО alt2014 ГОДИНА ГО ЗАЈАКНУВА ТИМОТ НА ЖФК КОЧАНИ ЗА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ НА ЛИГА ШАМПИОНИ ВО САРАЕВО,КАДЕ ШТО ПОСТИГНУВА ГОЛ ПРОТИВ ФАВОРИТОТ ВО ГРУПАТА КОЈ БЕШЕ БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ.ГОДИНАВА СО ФОРМИРАЊЕТО НА НАЈНОВИОТ КЛУБ ЖФК ДРАГОН ОД СКОПЈЕ ДОБИВА ПОКАНА И ВОЕДНО ПОТПИШУВА ЗА СЕЗОНАТА 2014/2015 ГОДИНА И ГИ БРАНИ БОИТЕ НА КЛУБОТ,И Е ЕДНА ОД ГОЛГЕТЕРИТЕ ВО ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОИ ПРОСЕЧНО СЕКОЈ НАТПРЕВАР ГИ ТРЕСЕШЕ ПРОТИВНИЧКИТЕ МРЕЖИ. И ЗА КРАЈ ДА НАПОМЕНЕМЕ ДЕКА ЕЛИ ЈАКОВСКА ГИ ПОМИНАЛА СЕЛЕКЦИИТЕ НА У-17 И У-19 КАДЕ ШТО БИЛА КАПИТЕН И МОМЕНТАЛНО Е СТАНДАРДЕН ИГРАЧ ВО “А“СЕЛЕКЦИЈАТА.СЕПАК И ТУКА НЕ ЗАСТАНУВА....СВОИТЕ ФУДБАЛСКИ КВАЛИТЕТИ ИМА ЖЕЛБА И СОН КАКО И СЕКОЈ СПОРТИСТ ДА ГИ ПРОДОЛЖИ ВО НЕКОЈ КЛУБ ОД ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ И ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, И ДА ЈА ПРЕТСТАВУВА СВОЈАТА ДРЖАВА ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска826
mod_vvisit_counterВчера1993
mod_vvisit_counterОваа недела18340
mod_vvisit_counterМинатата недела28117
mod_vvisit_counterОвој месец80926
mod_vvisit_counterМинатиот месец113854
mod_vvisit_counterВкупно10782057
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.