gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Филип Тимов: Погодок против шампионот Вардар има посебно значење

altСилекс нема изразити класични напаѓачи, па во една таква ситуација мора да се потпира на голгетерските квалитети на полушпицовите и крилата. Еден таков во редовите на Силекс е струмичанецот Филип Тимов, од кого се очекува многу на денешниот меч со првакот Вардар. Скопјани на последните четири меча (три во првенството и еден во ЛЕ) примија неверојатни 12 погодоци, или во просек три по меч. Тоа е добрата вест за напаѓачите на Силекс, очигледно е дека одбраната на Вардар е раштимана и шуплива како „швајцарско сирење“. Тоа добро го знае и Филип Тимов, од кого се очекува погодок против шампионот.
-Против фаворит како што е Вардар, други избор немаме, освен да одиграме храбро, „машки“ и да изгинеме на теренот. Ние се подготвувавме за овој меч, ваквите мечеви се чекаат со душа. Посебно за нас напаѓачите мечевите против шампионот се вистинска инспирација. Гол против Вардар не е обичен гол, туку има посебно значење. Ќе се потрудам максимално мотивиран да влеам во мечот и да го надмудрам голманот Гачевски - вели полушпицот Филип Тимов, кој во претходнотот коло го постигна победничкиот гол во Битола.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3666
mod_vvisit_counterВчера3342
mod_vvisit_counterОваа недела20098
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец129859
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8554077
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.