gogo

A+ R A-


Филиповиќ и Кастратовиќ нови играчи на Силекс

Добрите игри на Недељковиќ, Вујанац, Иванов, Младеновиќ и Митровиќ го поттикнаа раководството на Силекс повторно да пазари од Србија. Според последните информации, кратовскиот прволигаш доведе двајца Срби, кои треба да ја засилат конкуренцијата во одбраната и во нападот. Нови аквизиции на Силекс се стоперот Игор Филиповиќ (23) и напаѓачот Јован Кастратовиќ (24). Игор Филиповиќ е фудбалер кој во есенската полусезона играл за Слога Пожега, а претходно бил член на Младост Лучани и на Чукарички.
Напаѓачот Јован Кастратовиќ има и интернационално искуство. Тој бил дел од словенечкиот тим Алуминиј, како и полскиот второлигаш Легионово, а играл и во Борац Бања Лука.
Покрај двајцата Срби, речиси е договорен потписот на Филип Тимов, а малку потешко ќе се реализира трансферот на Глишиќод Вардар.фотографија на Marija Filipović

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.