gogo

A+ R A-


Филиповски и Танушев: Нема бело знаме, одиме по скалпот на Вардар

Во фудбалот има противници против кои се игра со посебен жар, каде адреналинот е поголем, каде победата има поголема вредност. За фудбалерите на Силекс тој тим е Вардар, екипа со која се создаде едно ривалство уште при крајот на минатиот век, кога Силекс успеа да ја прекине дотогашната доминација на „црвено-црните“ и трипати по ред да стане шампион на Македонија. Одтогаш, нивните мечеви изобилувале со зголемена доза на возбуда.
altКратовци денес (13 часот, Арена „Филип втори“) тргнуваат за Скопје без бело знаме, туку по скалпот на шампионот. Тоа нема да биде лесна мисија, бидејќи вардарци се убедливо на првата позиција, газат се пред себе и единствениот пораз го доживеаја од Работнички пред две недели. Тоа значи дека скопјани се ранливи, а она што треба да биде предупредувачки знак за нив е долгата серија без пораз на кратовци, која трае веќе седум кола. Тоа значи дека не само играчите на Силекс, туку и тренерот Жикица Тасевски со некоја тактичка замка може да биде голема опасност.
-Најважно од се е да продолжи нашата серија од седум натпревари без пораз. За таа цел работевме напорно оваа недела, се спремавме и тактички за овој меч, и ако го дадеме максимумот, сите опции околу конечниот резултат се во игра - вели младинскиот репрезентативец Кристијан Филиповски.
Оптимизам зрачи и од струмичанецот Ѓорѓи Танушев, кој против Шкупи постигна регуларен погодок, кој неоправдано му беше поништен.
-Респект за Вардар, заслужено се есенски прваци. Тоа воопшто не не плаши, напротив. Ние одиме во Скопје без бело знаме, одиме да се надигруваме, и ако успееме да ги исполниме задачите на шефот Тасевски, тогаш може да му го скинеме скалпот на Вардар - вели Танушев.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.