gogo

A+ R A-


Фудбалерите на Силекс порачаа: Одиме по изненадување во Баку! (ВИДЕО)

Фудбалскиот прволигаш Силекс во добро расположение и со ведри мисли утринава со чартер лет тргнува за Азербејџан, каде утре ги очекува настап во првото квалификациско коло на Лигата на шампиони. Противникот е добро познат, Карабах, клуб кој е редовен учесник во групната фаза на Лигата на шампиони и Лига Европа последниве шест години. Искуството е на страната на клубот од Агдам, азербејџанците имаат годишен буџет десетици пати поголем од оној на Силекс, и играат на домашен терен. Сето тоа ги прави изразити фаворити, но тренерот на кратовци, Горан Симов, смета дека никој не смее да им ја ускрати надежта на неговите фудбалери, фудбалската бајка во која деновиве живеат.
Силекс веќе подолго време игра во извонредна форма, впрочем кратовци немаат пораз уште од октомври минатата година, а притоа нанижаа вкупно 26 меча без да го положат оружјето.
Мечот Карабах – Силекс се игра утре пред празни трибини на стадионот Тофик Бахрамов во Баку, со почеток во 18 часот. Судиската четворка ќе биде од Украина, на чело со Јарослав Козик.



alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2002
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела8367
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец36277
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16263864
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.