gogo

A+ R A-


Футсал „Ел класико“, КМФ Кратово го пречекува КМФ Шкупи

Фотографија на Кмф Кратово.Едно од најголемите ривалства во мак-футсалот секако е она меѓу КМФ Кратово и КМФ Шкупи. Тоа започна уште во времето кога двата тима биеја епски битки за влез во елитата, а продолжија последниве две години со борбата за врвот во елитната конкуренција. Имало искри на нивните мечеви и на теренот, а уште повеќе на трибините, што значи дека денес љубителите на футсалот во Кратово не смеат да го пропуштат ова футсал „Ел класико“, со почеток во 18 часот.
Иако од КМФ Кратово најавија дека ова може да биде последниот нивен меч во лигата и згаснување на клубот поради немање финансии, сепак, последните информации даваат надеж дека клубот ќе преживее со помош на кратовските иселеници во САД, најмалку до крајот на годината. Потоа, се очекува и Општината да бркне подлабоко во ќесето и да го потпомогне клубот кој претставува гордост на градот и во кој играат исклучиво играчи од општината и соседството.
Фотографија на Кмф Кратово.Со посебен мотив за настап е бомбардерот со топ во десната нога, Горан Арсовски, кој едно време беше пред трансфер во Шкупи. Тој ги повикува кратовци да ја исполнат салата до последно место и да покажат дека КМФ Кратово и оваа година ќе биде меѓу најдобрите три тима во лигата.
Засилувањата Никола Јовановски и Давид Филипов се добредојдени, во мигови кога на ветераните Начковски, Стојановски и Стефанов им е потребен одмор во текот на мечот.
Никој не се сомнева дека и „стариот лисец“ Никола Јосифовски ќе подготви лукава тактика за победа и голема радост во салата, иако денеска ќе има голем хендикеп со неиграњето на двајцата голмани, суспендираниот Јакимовски и повредениот Арсов. Но, затоа на голот се враќа легендата и миленик на кратовската публика Јованче Ивановски - Јоро, кој се надеваме дека ќе ја спушти ролетната на голот.
КМФ Кратово, СРЕЌНО!!!

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2903
mod_vvisit_counterВчера2414
mod_vvisit_counterОваа недела14442
mod_vvisit_counterМинатата недела24008
mod_vvisit_counterОвој месец75484
mod_vvisit_counterМинатиот месец93069
mod_vvisit_counterВкупно11067742
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.