gogo

A+ R A-


Гостува Металург, Ставрев досега му носеше среќа на Силекс

altМеталург мора да падне, затоа што ножот е стигнат до коска! Вака резонираат фудбалерите на Силекс пред денешниот дуел (14.30) со тимот од Автокоманда во Кратово. По седум меча без победа, пет во првенството и два во купот, кратовци се наострени да стигнат до трите бода.
-И големите клубови имаат кризи, имаме и ние, ама токму мечот со Металург ќе биде пресвртница во сезоната. „Зелените“ имаат добар тим, знаеме дека нема воопшто да биде лесно, но ние се надеваме дека со добра игра ќе ги освоиме бодовите. Веројатно ќе имаме и рокади во тимот кои ќе ја размрдаат играта и ќе донесат голови во мрежата на Ефремов - вели играчот за врска Филип Дурански.
Мечот ќе го суди интернационалецот Александар Ставрев, кому ова ќе биде трет меч во Кратово во текот на оваа сезона. Интересно е што и на двата меча Силекс победувал, па кратовци се надеваат дека традицијата ќе продолжи.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.