gogo

A+ R A-


ГОТОВО Е: Игор Недељковиќ потпиша едногодишен договор со Пегасус Хонг Конг

altТрансфер-сагата со довчерашниот напаѓач на Силекс, Игор Недељковиќ, конечно заврши. Иако се спомнуваа мега-понуди од тимови како Шкендија, Вардар, Пелистер, во игра беа и руски и австриски клубови, сепак брзоногиот Србин одбра далечна, но од финансиски аспект веројатно далеку побогата понуда. Миленикот на кратовската публика потпиша едногодишен договор со Пегасус Хонг Конг, клуб кој ланската сезона ја заврши на делба на седмата позиција во првенството на Хонг Конг.
-Вчера допатував во Хонг Конг, утринава ги минав медицинските прегледи и официјално потпишав едногодишен договор со тимот на Пегасус. Утре ќе бидам официјално претставен пред новинарите. Сметам дека трансферот во Пегасус би требало да биде отскочна штица за преселба во силните и финансиски далеку помоќни кинеска и јужнокорејска лига - ни рече Недеља веднаш по потпишувањето на договорот, како ексклузива за читателите на порталот АБЕРЏИЈА.
Пегасус е клуб формиран во 2008 година, кој настапува на стадион со капацитет од 40.000 гледачи. Во составот имаат Бразилец, Камерунец, Шпанец, а до скоро капитен им беше македонскиот голман Кристијан Наумовски, кој го напушти клубот.http://static.asiawebdirect.com/m/phuket/portals/hong-kong-hotels-ws/homepage/attractions/hong-kong-stadium/pagePropertiesImage/hong-kong-stadium.jpg

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.