gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Гуцев бара поддршка од навивачите за голем триумф над Вардар

По двата пораза од Работнички и Победа, шампионот во најнезгоден момент доаѓа во Кратово. Ако за нив е незгоден, згоден е за домаќинот Силекс, кој влезе во позитивна серија од две победи и едно реми и утре ќе атакува на триумф против горгираниот шампион. Тоа ќе буде меч со две острици, вели Благој Гуцев, доаѓа силен противник со слаба форма, но и ранет лав кој нема право на нов кикс.
-Вардар доаѓа во Кратово мобилизиран како никогаш порано. Лошите резултати ги разнишаа, но тие се свесни дека немаат право на нова грешка. Ние одигравме одличен меч во Битола, па се надевам дека и утре ќе ја повториме играта и по можност резултатот, а за такво нешто очекувам поддршка и од публиката. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број, а ние ќе го дадеме максимумот и се надевам дека со кренати глави ќе го напуштиме теренот во Кратово - вели струмичанецот во редовите на Силекс, кој важи за еден од најборбените играчи кои секогаш даваат 110 посто од силите на теренот.
Мечот почнува од 13.30. а ќе го суди Александар Ставрев.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3594
mod_vvisit_counterВчера3342
mod_vvisit_counterОваа недела20026
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец129787
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8554005
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.