gogo

A+ R A-


Гуцев: Прекинавме лоши традиции со Вардар и Шкендија, ни остана уште Работнички

altСилекс денес му гостува на Работнички (Ѓорче Петров, 16 ч.), во меч кој е значаен за двата тима, но далеку повеќе за домаќинот. Имено, Брегалница се доближи на само три бода до романтичарите и опасно го загрозува нивниот настап на евросцената. Скопјани имаат шанса тоа да го сторат и преку Купот, но таму ги чека силната Шкендија, па веројатно составот на Томислав Франц ќе се фокусира на првенството.
Кратовци во пресрет на овој дерби меч се релаксирани, а тоа им го овозможува пласманот на табелата и залихата на бодови. Но, тоа не значи дека ќе одат на ексурзија во Ѓорче, туку на триумф, затоа што имаат посебна мотивација за такво нешто.
-Оваа сезона ги прекибавме долгите непријатни серии без триумф над Вардар и Шкендија. Ни останува денес да прекинеме уште една, против Работнички. Ако можевме против далеку посилни ривали, можеме и против Работнички. Ние имаме зацртана цел, освојување на третата позиција, и тука нема отстапки. Одиме да одиграме најдобро што знаеме и да се вратиме непоразени - вели „машината“ во редовите на Силекс, струмичанецот Благој Гуцев.
Најголема опасност по голот на Митровиќ ќе биде реконвалесцентот Борче Маневски, кој е гладен за голови.
– Дуелот со Силекс е можеби и решавачкиот за нас, за излез на европската сцена. Посакуваме победа, трите бода ни се неопходни, и ќе се потрудиме да ги освоиме. Силекс секако заслужува респект, тоа е квалитетна екипа која оваа сезона покажа дека умее да одигра одлично, го покажува тоа и позицијата на табелата. Кратовци се третопласирани, но, уште еднаш ќе истакнам, ние ги посакуваме трите бода -вели Маневски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.