gogo

A+ R A-


Идеален распоред: Силекс почнува со Беласица, Пелистер, Вардар и Ренова

Новата сезона во Првата фудбалска лига, чиј старт е закажан за 9 август, за вицепрвакот Силекс ќе започне со гостување на довчeрашниот вторoлигаш Беласица, реши денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Потоа кратовци го пречекуваат и вториот „второлигаш“ Пелистер, па гостуваат на распаднатиот Вардар, кој прашање е дали ќе склопи конкуренетен состав. Следи домашен меч со Ренова, која со години наназад од Кратово си оди со наведната глава, па гостување на Струга ТЛ, па дома со Борец... Доколку кратовци играат на нивото од претходниот шампионат, првите 5-6 кола можат да донесат берба на бодови и најава за уште една „европска“ година...

За разлика од досегашните неколку сезони, оваа нова сезона поради прекинатото првенство и пандемијата со коронавирус, ФФМ ја прошири лигата на 12 екипи, па на минатосезонските 10 кои останаа прволигаши им се приклучија најдобрите две од вторите лиги во двете групи, Беласица и Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА ПРВО КОЛО ВО НОВАТА СЕЗОНА 2020/21
Шкупи - Шкендија
Македонија Ѓ.П. - Работнички
Беласица - Силекс
Пелистер - Академија Пандев
Вардар - Борец
Ренова - Струга Трим Љум

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД ЗА НОВАТА СЕЗОНА
http://ffm.mk/media/files/raspored-prva-mfl-202021.pdf

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3218
mod_vvisit_counterВчера6365
mod_vvisit_counterОваа недела9583
mod_vvisit_counterМинатата недела42976
mod_vvisit_counterОвој месец37493
mod_vvisit_counterМинатиот месец164894
mod_vvisit_counterВкупно16265080
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.