gogo

A+ R A-


Игор Недељковиќ во тимот на сезоната според „Македонски спорт“

ИДЕАЛНИОТ СОСТАВ НА „МАКЕДОНСКИ СПОРТ“
ПАЧОВСКИ (ВАР), ПОПОВ (ВАР), ГРНЧАРОВ (ВАР), ЦУЦУЛИ (ШКЕ), ХАМБАРЅУМЈАН (ВАР), ФЕЛИПЕ (ВАР), ЖУНИОР (ШКЕ), АЛИМИ (ШКЕ), ТОДОРОВСКИ (ШКЕ), ИБРАИМИ (ШКЕ), НЕДЕЉКОВИЌ (СИЛ)

altИгор Недељковиќ со 11 и Бесарт Ибраими со 26 голови се најдобрите напаѓачи во македонската фудбалска лига. Интернационалецот од Србија Игор Недељковиќ за својот Силекс постигна 11 погодоци и е еден од најзаслужните што кратовци по пауза од цели 10-11 години повторно излегоа во Европа.
Изборот го направи редакцијата на весникот Македонски спорт, а свое мислење дадоа тренерите Ѓоре Јовановски, Мирсад Јонуз и Срѓан Захариевски.
Иако Недељковиќ е под договор со Силекс, кратовци ќе имаат многу маки да го задржат во своите редови. За него интерес пројавувал еден од македонските клубови со милионски буџет, а неколку пати бил скаутиран од странски менаџери. Неговата цена на трансфер пазарот вртоглаво расте и ќе биде вистинско чудо доколку управата на Силекс одлучи да го задржи во своите редови, наспроти можноста добро да профитира од неговата продажба.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.