gogo

A+ R A-


Интервју со Даниел Николовски, млад и талентиран фудбалер по потекло од Кратово

alt1.Раскажи ни за твоите први фудбалски чекори?

Во принцип од многу мал го засакав фудбалот бидејќи во моето семејство постојано се гледаше фудбал, па така дојде и мојата желба за играње. Првите чекори ги направив во фудбалскиот клуб Љуботен на 8 години по инсистирање на мојот вујко.

2.Која е твојата природна позиција?
Можам да покријам повеќе позиции, но највеќе ми лежи лево крило

3. Кој е твојот омилен фудбалски клуб и идол?

Омилен фудбалски клуб ми е Барселона, мојот идол е Меси. Една од главните причини за мојата љубов кон фудбалот се Барса и Меси

4.Дали имаш некое фудбалско искуство кое можеш да го споделиш?
Има повеќе, но сигурно нешто што ќе ми остане во сеќавање се припремите со репрезентација и тренирањето во фудбалската школа на Партизан Телеоптик со врвни и супер тренери и личности кои сигурно ќе ги паметам

5.Кој е Даниел надвор од фудбалот, имаш ли некое хоби?

Дружељубив сум во слободно време, сакам да го поминувам времето  со моите сакани, пријателите и семејството. Учам во средното медицинско училиште во Тетово

6.Има ли некој што посебно те мотивира надвор од фудбалскиот свет?

Такви личности секогаш постојат, има една посебна личност за мене која многу ме мотивира и многу ми значи нејзината подршка,се разбира тука спаѓа и подршката на моето семејство

7. Кои се твоите амбиции за понатаму

Имам големи амбиции, а тоа е играње во голем европски клуб. Ова лето ќе имам прилика да се докажам во Германија и Италија, се надевам со Божја воља и со напорен труд ќе успеам во работата што ја сакам.


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.