gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Ќе жали додека е жив, Манчестер Ј. му „зеде“ 173.000 евра на скопјанец

alt

Обложувач од Скопје кој реши да одигра новогодишно ливче и на кое уплати 300 денари, долго ќе жали за пропуштената шанса да се збогати преку ноќ. Тој за само еден гол не доби неверојатни 10.646.170 денари или 173.000 евра! Мајсторот одиграл шест натпревари, пишани на три различни тикети.

Чудо е што сѐ погоди момчето кое тикетот го уплати на 1 јануари, обложувајќи се на натпревари од понделникот, вторникот и денеска. „Падна“ веќе во понеделникот и тоа за само еден гол - погодок кој требаше да биде постигнат на првите 45 минути од мечот Евертон - Манчестер јунајтед, дуел каде што типувал дека ќе заврши „двојка“ на полувреме и „двојка“ на крај, а дека притоа ќе има три гола на мечот. Четата на Мурињо победи со 2-0, чисто за инфрмација, двата погодоци паднаа во вториот дел.

Преостанатите погодени парови се:

Барнли - Ливерпул (одиграно икс во два) - мечот заврши 1-2 (полувреме 0-0)

Лестер - Хадерсфилд (одиграно икс во кец) - мечот заврши 3-0 (полувреме 0-0)

Торонто - Милвоки (одиграно нерешено во регуларен период) - мечот заврши 114-114

Чикаго - Портланд (одиграно нерешено во регуларен период) - мечот заврши 112-112

Арсенал - Челси (одиграно нерешено) - мечот заврши вечерва 2-2

altalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1645
mod_vvisit_counterВчера3908
mod_vvisit_counterОваа недела18988
mod_vvisit_counterМинатата недела22262
mod_vvisit_counterОвој месец70663
mod_vvisit_counterМинатиот месец216601
mod_vvisit_counterВкупно9983111
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.