gogo

A+ R A-


Коцев: Одиме по бодови во Тетово и продолжување на победничката серија

Штипјанецот Стефан Коцев е еден од оние играчи кои, откако добија шанса кај новиот тренерски тандем Митевски - Симов, на најдобар начин ја искористија и донесоа нов дополнителен квалитет во играта на Силекс. Од него се очекува многу и во иднина, а посебно денес (13.30 ч.), кога забревтаниот Силекс гостува на Ренова, а во исто време треба да се запре убоитиот напаѓач Влатко Стојановски, од кого доаѓа најголемата опасност.
-Ренова е квалитетен тим, во тоа никој не се сомнева. Но, кај нас, во нашите редови, се чувствува една позитивна победничка атмосфера, една глад за победи. Ние одиме во Тетово да се надигруваме, а тоа значи по трите бода, а нема да бидеме разочарани ако се вратиме и со бод. Верувам во квалитетот на Силекс, потребна е една победничка серија од неколку меча и еве не пак во горниот дел од табелата, таму кај што реално и припаѓаме - истакна десниот бек на кратовци, брзоногиот Стефан Коцев.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.