gogo

Oki kom baner

A+ R A-


КУП: Гуцев и Вујанац најавуваат жестока пресметка меѓу Силекс и Академија Пандев

alt

Утре во 15.30 часот Силекс ќе го пречека тимот на Академија Пандев во рамките на осминафиналето на Националниот куп. Кратовци имаа среќа да ги избегнат најсилните тимови во лигата, но од друга страна можеа да добијат и вторлигаш за противник и полесно да го визираат патот во следната рунда.
-Респект за струмичани, имаат тим составен од играчи кои ветуваат многу. Знаејќи го начинот како функционираат, заслужуваат целосна почит. Ние сме желни за игра, и едвај чекаме да се вратиме на победите. Овој двомеч ќе се решава на реваншот во Струмица и се надевам дека таму ќе патуваме со позитивен резултат, без примен гол - вели струмичанецот во редовите на Силекс, Благој Гуцев.
Познато е дека голот на „академиците“ го брани довчерашниот голман на Силекс, Никола Вујанац. Тој ќе биде најголемата пречка да се стигне до позитивен резултат, знаејќи ги неговите квалитети. Тој е оптимист дека во Кратово ќе останат непоразени.

-Секогаш е тешко да се игра во Кратово и да се обезбеди позитивен резултат. Ние ќе дадеме се од себе за да обезбедиме што поповолен резултат пред реваншот во Струмица. Ќе бидеме задоволни со нерешен резултат со постигнат гол на гости. Тоа нема да биде лесно, бидејќи Силекс има една од најдобрите одбрани во лигата. Нашата амбивија е да догураме што подалелу во Купот и максимално сме мотивирани за такво нешто -  вели Вујанац.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска11147
mod_vvisit_counterВчера9277
mod_vvisit_counterОваа недела46259
mod_vvisit_counterМинатата недела62823
mod_vvisit_counterОвој месец170361
mod_vvisit_counterМинатиот месец141275
mod_vvisit_counterВкупно8022560
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.