gogo

A+ R A-


КУП: Силекс - Еуромилк 1-1 (Хајлајтс)

Стадион на Силекс, гледачи 400, главен судија: Јосип Бартон помошници: Насуф Латифи и Дарко Јовчевски делегат: Димитар Џонов, жолти картони: Маџаровски, Костенцоски (Е)
Стрелци:
Недељковиќ 53’ (С), Аксентиев 78’ (Е)

Силекс: Симов, Тимовски, М.Рудан (52м. Јанев), С.Рудан, Џонов, Мијатовиќ, Тодоров, Недељковиќ (72м. Дурански), Мицков, Велинов, Ѓорѓиев (30м. Костовски)

Еуромилк: Маџаровски, Цветановски, Иловски (50м. Крстевски), Костенцовски, Јовановски, Бакиовски (75м. Керим), Јордановски (67м. Василевски), Јашароски, Пандовски, Никанчевски, Аксентиев

altРезултатската криза во редовите на Силекс се продлабочува, откако кратовци не успеаја да обезбедат макар минимална предност пред реваншот во Горно Лисиче. Во бледото прво полувреме, во кое ниту една од екипите не беше многу заинтересирана за противничкиот гол, кратовци останаа хендикепирани по повредата на капитенот Ѓорѓиев, кој мораше да го напушти теренот на носилки.
Во вториот дел фудбалерите на Силекс тргнаа многу поофанзивно кон голот на Маџаровски. Тоа резултираше со водечки погодок во 53-та минута, кога Игор Недељковиќ излезе очи в очи со Маџаровски, во првиот обид не успеа да го совлада, но во вторио обид беше поуспешен и го пронајде патот до мрежата.
Можеби овој меч ќе имаше победник да беше малку попрецизен ударот на Рудан во 72-та минута, кога Маџаровски со голем напор успеа да го запре ударот кој одеше под пречката на голот.
Дрската игра на „млекарите“ се исплатеше во 78-та минута, кога гостинскиот тим стигна до израмнувачкиот погодок. Поранешниот фудбалер на Силекс, Ефтим Аксентиев упати неодбранлива бомба од над дваесет метри која заврши во горниот лев агол на немоќниот Симов.
По неочекуваното реми во Кратово, патникот во следната рунда ќе се бара на реваншот во Скопје, на кој кратовци ќе мора да покажат капацитет за прва гостинска победа сезонава.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.