Денешната ждрепка во фудбалскиот Куп посака во четвртфиналните двојки меѓусебно да ги вкрстат копјата четири најдобропласирани тима на табелата. Лидерот Вардар ќе брка полуфинале проитв лутиот ривал Шкендија, додека третопласираниот Силекс ќе се соочи со Работнички.
Првите натпревари се играат на 25. ноември, а реваншите се закажани за 2. декември.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Шкендија – Вардар
Работнички – Силекс
Младост ЦД – Брегалница
Македонија ЃП – Хоризонт Турново