gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Луд меч во Кратово, лидерот Велес водеше 0-3, па се спаси од пораз во последните секунди (ВИДЕО)

Публиката во Кратово живее за мечеви како денешниот, во кој домаќинот КМФ Кратово и лидерот КМФ Велес ги поделија бодовите играјќи 5-5. Се чинеше дека фаворитот Велес лесно ќе стигне до целиот плен, особено откако поведоа уште во втората минута, а на полувреме заминаа со високи 0-3. Домашната публика не беше толку загрижена од резултатот, колку од анемичната игра на домашните играчи, кои не успеваа да врзат повеќе од 2-3 додавања.
А кога актерите излегоа на паркетот во вториот дел, како да почна нов меч, со сосема различни екипи од првиот дел. Кратовци почнаа да „везат“, играа како по ноти и во период од три минути, од 26та до 28ма минута веќе го анулираа водството на Велес. Реализатор на сите три гола беше одличниот Бобан Начковски, за кревање на атмосферата во салата. Водени од еуфоричната поддршка во салата, кратовци можеа и до водство, но Начковски од само еден метар успеа да го префрли празниот гол.
Казната стигна на спротивната страна, кога еден контранапад на велешани значеше ново водство за нив. Но, домашните играчи не паднаа на психолошки план, и на крилјата на бучната публика, повторно го израмнија резултатот преку Валентино Михајловски. Вистински делириум во салата настана во 34-та минута, кога по четврти пат Начковски ја погоди мрежата за неверојатни 5-4 за домаќинот.
altПоследните 5-6 минути велешани тргнаа без голман, со играч повеќе во поле. Опсада пред голот на домаќините, во неколку наврати голманот Зоки Јакимовски на чудесен начин спасуваше погодоци, а сојузник беше и пречката и дирекот. Срце јуначко не издржа до крај, па на 2 минути пред крајот гостите израмнија на 5-5. И повторно ризикуваа без голман во остатокот на мечот, а за инфаркт завршница се погрижи Начковски, кој на десетина секунди пред крајот пресече топка на својата половина и од центарот на теренот наместо празната мрежа, го погоди само дирекот.
Во секој случај, ова е голем бод за кратовци, рамен на победа против најдобриот тим во лигата, кој останува и понатаму единствената непоразена екипа.  Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1418
mod_vvisit_counterВчера5401
mod_vvisit_counterОваа недела11658
mod_vvisit_counterМинатата недела33770
mod_vvisit_counterОвој месец66251
mod_vvisit_counterМинатиот месец116442
mod_vvisit_counterВкупно10095141
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.