gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Мбела и Парфе си заминаа, Силекс ангажираше нов Французин

По Емануел Мбела, кој замина во Ренова, Силекс ја раскина соработката и со Луис Есенгуе Парфе. Камерунецот побарал да си оди и тоа поради семејни проблеми, а кратовци му го овозможиле тоа. Место него Силекс веднаш го ангажираше Чарлс Кофи Аколатсе, интернационалец од Франција.

Станува збор за фудбалер кој доаѓа од романското првенство, претходно настапувајќи за два тима од оваа земја. Во минатото играше за француските клубови Пур-сур-Вие, Хербиер и Ван. 

Чарлс Кофи Аколатсе игра како последен играч за врска. Има 23 години, и висок е 181 сантиметар. Роден е во Париз, а има државјанство на Того. Има и еден повик за пријателски натпревар за селекцијата на Того. 

Тој потпиша на една и пол година со кратовскиот тим.

Инаку од вчера експедицијата на Силекс се наоаѓа во Охрид, во својата стара база. Покрај вообичаените тренинзи, кратовци планираат и одигрување на три пријателски средби. Веќе утре Силекс ќе ги одмери силите со Корча,тим од Албанија. За во среда начелно е договорен меч со Струга Трим Лум, а за во сабота пак рива треба да биде кичевскиот второлигаш Влазерими.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска857
mod_vvisit_counterВчера1993
mod_vvisit_counterОваа недела18371
mod_vvisit_counterМинатата недела28117
mod_vvisit_counterОвој месец80957
mod_vvisit_counterМинатиот месец113854
mod_vvisit_counterВкупно10782088
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.