gogo

A+ R A-


Миленковски: Ни гостува најдобриот тим во лигата, но нема да излеземе со бело знаме

Фудбалската тврдина во Кратово важи за една од најтешко освоивите во земјава, ама тоа правило не важи само за еден клуб во нашата земја. Шкендија кога и да гостува во Кратово, важи едно друго правило, а тоа е дека тетовци уште не стигнати во Кратово, таму некаде на Страцин водат со 1-0. Немаат кратовци успеси против Шкендија веќе десетина години, ако се изземе единствениот триумф од пред 4 години, кога во зимската магла во Кратово тетовци го положија оружјето.
-Свесни сме дека ни гостува најдобриот клуб во лигата, а тоа значи целосен респект кон нив. Знаеме со кого си имаме работа, ги знаеме добро квалитетите на противникот, но предавање нема. Ние нема да излеземе на зелениот терен со бело знаме, туку со желба да го изненадиме противникот и да му откинеме бод, а ако се укаже шанса, и три. Ќе се надигруваме со Шкендија, а секој позитивен резултат за нас ќе биде голем успех - истакна Филип Миленковски, левиот бек на кратовци, кој пролетва игра во одлична форма.
Мечот се игра утре со почеток во 14.30 часот, а судија ќе биде Димитар Мечкаровски.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.