gogo

A+ R A-


Може ли Силекс по втор пат да му го загорчи шампионскиот поход на Вардар?

      „Бергер“ сакаше фудбалерите на Силекс за три недели по втор пат да го нагостат шампионскиот состав на Вардар. Утре (16 ч.) кратовци ќе се обидат по втор пат да му го загорчат животот на Гоце Седловски и да го загрозат нивниот шампионски поход, откако пред извесно време славеа со 3-2. Хипотетички, вардарци би можеле уште утре да ја прослават титулата, доколку победат во Кратово, а Шкендија киксне со Брегалница. Но, кратовци нема да дозволат „црвено-црните“, исто како лани, во Кратово да го кренат шампионскиот пехар, ветувајќи беспоштедна борба. Оние од кои најмногу се очекува се голманот Милан Митровиќ и напаѓачот Игор Недељковиќ, токму оние кои беа главни виновници за триумфот од 3-2.
alt-Посакувам да се репризира минатиот меч, кога победивме 3-2. Тогаш ретко кој веруваше дека можеме до бод, а ние со беспоштедна борба и залагање ги освоивме трите. Знаеме дека овој пат нема да се опуштиме, бидејќи Вардар знае да ја казни секоја грешка. Рецептот го знаеме, игра со ладни глави, чекање на противничка грешка и бодовите се наши - вели Митровиќ, кој игра во голема форма и беше непремостлива пречка за Ивановски, Фелипе и Ќеран на претходниот меч.
           А за голови утре ќе биде задолжен Игор Недељковиќ, играч на кој цената на трансфер пазарот вртоглаво расте.
-Сите знаеме кој утре ќе биде во фаворитската улога, знаеме дека играме против најдобриот клуб во Македонија, што нашата задача ја прави многу тешка. Се овен победа на Вардар ќе биде големо изненадување, но ние нашата шанса ја гледаме во тоа што играме психолошки растоварени, за разлика од притисокот кој го чувствува Вардар. Гостите ќе играат без најдобрите шпицови Блажевски и Ивановски, па тука гледам шанса да стигнеме барем до бод. Од мене се очекуваат голови, но јас не сум оптоварен со тоа, ќе дадам 100 посто од можностите и со Божја помош се надевам на успех - истакна Недељковиќ.
       alt  Внимателен во изјавата е стоперот на Вардар, Бобан Грнчаров.
-Како прво тимот на Силекс ни е многу голем должник. Доколку победевме на натпреварот пред неколку кола, досега титулата ќе беше во наши раце. Сега имаме идеална можност да им се реваншираме и да се доближиме на само еден чекор до титулата. Всушност нам ни недостигаат четири бода, но доколку го добиеме мечот, голем дел од работата ќе биде завршен. Таму несреќно го претрпевме единствениот пораз во пролетната полусезона. Велам несреќно, затоа што од три удари кон нашиот гол, сите три влегоа. На утрешниот дуел уште од првата минута ќе нападнеме и ќе атакуваме на победа. Сметам дека редно време е да се радуваме сите заедно.  Иако сите сметаат дека сме шампиони, ние не мислиме така, па затоа сите заедно се подготвуваме, да дадеме сѐ од себе наа мечот во Кратово. Доколку таму победиме ни преостанува на наредните два меча да освоиме барем бод. Се уште не е познато каде ќе се игра натпреварот со Шкупи, но сметам дека сме подготвени и таму да победиме“, вели Грнчаров, кој сезонава постигна четири погодоци, од кои два беа токму против кратовскиот прволигаш.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.