gogo

A+ R A-


Напаѓачот Јован Кастратовиќ е слободен играч, потерата може да почне

altНа македонскиот трансфер - пазар деновиве е актуелен довчерашниот напаѓач на Силекс, Јован Кастратовиќ. Корпулентниот Србин од денес е слободен играч, па за очекување е дел од македонските прволигаши да се пуштат во потера по него. Кастро покажа одлични партии на зимските подготовки во Анталија, но се повреди во Турција и на своето враќање мораше да чека два месеци. На четирите меча како стартер во дресот на Силекс, во финишот на првенството постигна два гола, особено важен беше оној во 93-та минута за победа над Брегалница од 3-2. Според зборовите на Кастратовиќ, доколку не се договори со некој македонски прволигаш, тогаш прва опција е повторно трансфер во странство, а засега не планира враќање во родната земја.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.