gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Не е Џиџи, туку е Тони: Бразилец тропа на вратата на Силекс

altКога пристигна во Кратово пред повеќе од 15 години, бразилецот Ведерсон не ветуваше многу. Уште на првите тренинзи на стадионот на Силекс се виде дека е собран од некоја бразилска плажа, со просечни познавања на фудбалската игра и ограничен квалитет. Но, талентот што го имаат Бразилците уште од раѓање, надополнет со напорната работа во Кратово, од Ведерсон направија за кусо време солиден фудбалер, барем за македонски прилики, па дури и миленик на кратовската публика. По неколку месеци, кратовци му ставија прекар, се роди ЏИЏИ, маскотата на Силкес. Одигра што одигра човекот, велат бил далеку поуспешен во ноќните барови и спалните соби, и по неколку години му се изгуби трагата.
Толку за Џиџи. Деновиве е актуелен еден нов Џиџи, до душа се работи за Тони. Антонио Маркос де Оливеира Жуниор, или накусо Тони. Бразилец, 23 години, висок само 175 цм и тежок 68 кг ќе биде новиот десен бек на Силекс, доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на Силекс и тренерот Тасевски. Покрај десната бековска позиција, Тони успешно ја покрива и десната крилна позиција, па би можел да биде прекомандуван и во нападот. Инаку, доаѓа од нисколигашот Тупинамбас.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска5545
mod_vvisit_counterВчера9418
mod_vvisit_counterОваа недела21487
mod_vvisit_counterМинатата недела62823
mod_vvisit_counterОвој месец145589
mod_vvisit_counterМинатиот месец141275
mod_vvisit_counterВкупно7997788
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.