gogo

A+ R A-


Недељковиќ: Имаме реални шанси да го минеме Работнички во Купот

altИако Работнички, барем на хартија, влегува како фаворит во четвртфиналната пресметка на фудбалскиот Куп, сепак, во редовите на кратовски Силекс владее позитивна атмосфера и убеденост дека полуфиналето не е недостижно. Првиот дуел се игра утре, на стадионот во Велес, кој Работнички го пријави поради лошите услови за игра на „Филип Втори“.
-Да бидам искрен, повеќе посакував да гостуваме на Работнички во Скопје на „Филип Втори“, отколку на теренот со вештачка трева во Велес. Во крајна линија, не е важно каде ќе играме, туку како ќе одиграме. Моја проценка е дека имаме солидни шанси да излеземе како победници во двомечот со Работнички, иако играме против еден од трите најдобри тимови во лигата. Ќе повторам дека играме против поквалитетен тим, но се надевам дека утре можеме барем до нерешен резултат. Можеби е време и јас да ги наместам нишанските справи, но тоа воопшто не ме оптоварува - вели напаѓачот на кратовци, Игор Недељковиќ, кој има голгетерски пост на последните неколку меча, но затоа асистира и врз него се направени прекршоци за најстрога казна.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.