gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Неколку неверојатни факти пред големото дерби Силекс - Шкендија

altВо пресрет на големото дерби кое утре се игра во Кратово, еве неколку интересни факти поврзани со Силекс и Шкендија.
1. Силекс и Шкендија се двата тима со најдолга серија на непоразеност во првенството. Шкендија беше непоразена во првите девет кола, но затоа влезе во лоша серија во последните  неколку кола со двата порази од Вардар и Академија Пандев.
Силекс е непоразен на последните осум прволигашки мечеви, а последниот пораз го претрпе уште во септември, токму од Шкендија.

2. Шкендија го има најдобриот напад во лигата со дури 40 голови на 14 мечеви, или речиси 3 гола на меч.
3. Силекс, Скопје и Шкупи заедно постигнаа помалку голови од составот на Шкендија, или 29 вкупно, а само Ибраими и Хасани имаат вкупно 20 погодоци.
4. Ако се занемарат двата меча со Шкендија и Пелистер, на кои кратовци примија дури 9 голови, на останатите 12 меча Силекс прими само шест погодоци. Или, ако сакате, Силекс на последните осум меча не само што не е поразен, туку прими само два погодоци.
5. Шкендија има неверојатна серија од 19 првенствени мечеви на кои постигнува барем еден погодок.
6. Силекс нема примено погодок на последните четири меча на домашен терен.
7. Силекс има само една победа на последните 22 меча против Шкендија.

Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска6810
mod_vvisit_counterВчера16938
mod_vvisit_counterОваа недела60661
mod_vvisit_counterМинатата недела52384
mod_vvisit_counterОвој месец127517
mod_vvisit_counterМинатиот месец187480
mod_vvisit_counterВкупно8739215
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.