gogo

A+ R A-


Немања Иванов и Силекс пријателски се разделија, време е за нов исчекор во кариерата

altСрпскиот интернационалец Немања Иванов (22) и фудбалскиот прволигаш Силекс денес спогодбено се разделија. Стоперот од Димитровград, кој остави одличен впечаток во двете години во дресот на Силекс, со убави спомени си замина од клубот во кој ги помина своите најубави фудбалски мигови.
-Можам да кажам дека поминав извонредни две години во клубот и во Кратово и дека оттука си заминувам со убави спомени. Бев одлично примен, стекнав многу пријатели, но дојде време да направам исчекор во кариерата и летово да заиграм во поголем клуб и посилно првенство. Работев напорно во претходните неколку години, напредував на фудбалски план и сега дојде време да напредувам уште повеќе. Слободен играч сум, со чисти документи, па очекувам повеќе понуди, пред да донесам одлука каде ќе продолжам - ни рече Немања Иванов на заминување од Кратово во родниот Димитровград.
Порталот „Аберџија“ имаше одлична соработка со Иванов и му посакува успешна кариера.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.