gogo

A+ R A-


Никола Ѓурчиновски замина од Силекс во потрага по поголема минутажа

altМладиот Никола Ѓурчиновски, кој есенва не доби вистинска прилика да покаже што знае во дресот на Силекс, зимава одлучи среќата да ја побара во друг клуб. Ѓурчиновски ја одби понудата на кратовци да игра со двојна регистрација за второлигашот Кожув, па привремено се скраси во редовите на прволигашот Шкупи, каде на зимските подготовки ќе се обиде да се наметне со своите квалитети.
Ѓурчиновски имаше три настапи во Купот и неколку забележителни настапи во Б-тимот на Силекс, а се памети и неговиот преубав гол против Металург во Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.