gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Николчо Ѓорѓиев со „покер“ голови под Тумбе кафе (ВИДЕО)

altМожеби на фудбалскиот прволигаш Силекс не му оди најдобро пролетва, но затоа напаѓачот на кратовци Николчо Ѓорѓиев буквално експлодира на последните неколку меча на својот тим. Цели 69 дена фудбалерите на Силекс немаа победа на зелениот терен, а последниот триумф го забележаа на 3 март, во првото пролетно коло против Дрита. Од тогаш наредија десет порази и само едно реми, се до завчерашниот дуел во Битола каде отпишаните кратовци благодарение на четирите погодоци на Ѓорѓиев неочекувано славеа со 4-2. Ова е ретко голгетерско остварување на нашите фудбалски терени, иако сезонава такво нешто му успеа и на Генц Исени, кој во дресот на Работнички четири пати ја тресеше мрежата во Кратово. Сепак, раритетен е податокот дека Ѓорѓиев постигна погодоци на сите три дуели меѓу Силекс и Пелистер, или вкупно шестпати ја тресеше мрежата на битолчани.

-Дефинитивно „пелистерци“ ќе ме запомнат. Реткост е да се постигнат четири погодоци на еден меч, или вкупно шест против еден ист противник. Јас ја играм најдобрата сезона во мојата кариера, со единаесет погодоци на петнаесет мечеви. Ако се договорам со управата на Силекс, нема воопшто да ми пречи следната сезона да настапувам во второлигашкото друштво и да му помогнам на мојот клуб експресно да се врати во елитата – истакна Ѓорѓиев.

Кратовци сеуште имаат теоретски шанси во трката за опстанок, но за тоа ќе им бидат потребни четири победи до крај, но и киксови на конкурентите.  

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3693
mod_vvisit_counterВчера5455
mod_vvisit_counterОваа недела23617
mod_vvisit_counterМинатата недела20513
mod_vvisit_counterОвој месец46305
mod_vvisit_counterМинатиот месец106839
mod_vvisit_counterВкупно10525711
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.