gogo

A+ R A-


Одредени судиите за мечот Победа - Силекс, ако не е Ставрев, тогаш е Мечкаровски

http://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/articles/2017/04/07/74967-dimitar-mechkarovski.jpg?itok=YkHniF6GВо Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со ждрепка беа одредени судиите за претстојното 29. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Големото дерби кое ќе се игра во Тетово, а во кое второпласираната Шкендија ќе го пречека лидерот и актуелен шампион Вардар, правдата ќе ја дели Александар Ставрев, кому ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов.

Вториот меч кој ќе предизвика внимание, а во кој прилепска Победа ќе биде домаќин на Силекс ќе го суди Димитар Мечкаровски.

На „Градскиот стадион“ во Штип, на мечот меѓу Брегалница и Пелистер на центарот ќе биде Марјан Маркоски, додека во Ѓорче Петров, на дуелот меѓу Македонија ЃП и Ренова ќе суди Далибор Ѓорѓевски.

Овие средби ќе се играат во среда (26 април) со почеток од 16 часот, термин во кој ден подоцна (четврток) ќе се игра и последниот натпревар од ова коло меѓу Работнички и Шкупи, а главен судија ќе биде Зоранчо Темелков.

На табелата, водечки е Вардар со 68 бодови, дури 13 повеќе од Шкендија (55). По водечката двојка следуваат: Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Македонија ЃП 19 и Брегалница 18.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.