gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Пандев на колена, Струмица освоена, Силекс на европски колосек (ВИДЕО)

ВИДЕО: „Тика-така“ акција – Ѓорѓевиќ ги реши „академците“!

Штета што есенската полусезона заврши денес, оти како тргна серијата на Силекс, кратовци беа на добар пат да го симнат Вардар од втората позиција на табелата. Денес во Струмица избраниците на Жикица Тасевски одиграа уште еден маестрален меч, во директна пресметка со конкурентот за Европа славеа минимално со 1-0. Академија Пандев се сопна во клучниот момент, кога требаше да се израмни со Силекс на табелата и да ги подгрее надежите за Европа. Но, кога играат кратовци во полна форма, нема кој да ги запре. Денеска при победникиот погодок демонстрираа акција од фудбалските учебници, која ја започна Филип Тимов нанижувајќи неколку играчи, ја продолжи Филиповски со асистенција, а ја заврши Милош Ѓорѓевиќ со трет погодок во серија, од кои два беа победнички.

Можеа кратовци и до поубедлива победа, но Кристијан Филиповски ја здрма пречката на голманот Вујанац. И на спротивната страна струмичани имаа свои шанси, од кои ја издвојуваме стативата во финишот и пречката на Атанаскоски, како и нереализираниот пенал на Балдовалиев во првото полувреме. При пеналот имаше интересна ситуација, имено голманот Митровиќ упорно со рака му сугерираше на Балдовалиев во кој агол да шутира. Изгледа Балдовалиев го послуша и биеше токму во тој агол, но нервите му попуштија, психолошкиот притисок беше голем и го утна целиот гол.
Со овие три бода, кратовци цврсто се позиционираа на третата позиција, со шест бода предност пред А.Пандев и осум пред Работнички и се на добар пат да изборат излез во Европа.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска6814
mod_vvisit_counterВчера16938
mod_vvisit_counterОваа недела60665
mod_vvisit_counterМинатата недела52384
mod_vvisit_counterОвој месец127521
mod_vvisit_counterМинатиот месец187480
mod_vvisit_counterВкупно8739219
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.