gogo

A+ R A-


Победа ќе го пречека Силекс во Охрид, ќе суди Ецкоски

altНаместо во Битола на стадионот „Тумбе Кафе“ каде што сезонава Победа играше како домаќин, со оглед на тоа што стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп се реновира, во недела кратовчани ќе ги нагости на „Атина Бојаџи“ во Охрид. Од Општина Битола прилепчани добија информација дека ќе се извршуваат работи на стадионот и дека нема да има струја и вода. 

Денес исто така беше извршено делегирањето на судиите за следното коло, во кое Александар Ставрев ја доби најтешката задача, да ја дели правдата на дербито Шкендија - Вардар. Марјан Маркоски ќе суди на националната арена „Филип Втори“ на дуелот помеѓу Работнички и Шкупи, додека на вториот дуел во Скопје, оној помеѓу Македонија ЃП и Ренова, делегиран е Далибор Ѓорѓески. Во Охрид мечот Победа - Силекс му припадна да го води домашниот судија Марјан Ецкоски, а главен арбитер на дуелот помеѓу Брегалница и Пелистер ќе биде Јосип Бартон.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.