gogo

A+ R A-


Пресврт во Битола, Силекс Б потклекна во финишот

altСтрелеци: Ристевски 37, Кузманов 87 и Поповски 90 за Пелистер, Мариќ 23 за Силекс
Пелистер: Апостоловски (Ристевски 46), Бошевски, Котевски (Шумковски 25), Атанасовски, Магловски, Трифуновски (Мицевски 65), Велевски, Главевски (Поповски 77), Кузманов (Таири 65)

Силекс: Пановски, Насевски, Јаков, Рудан (Миневски 56), Ристевски (Симјановски 46), Глигоров (Нешовски 62), Костовски, Митевски, Мариќ, Џонов (Блажев 65), Стојков

Во натпреварот од Б лигата на тимовите, во рамките од 7 коло Пелистер на домашен терен го пречека Силекс. Најпрво во 23 минута од натпреварот, по нападот од десната страна Костовски нафрли, на 7 метри натрча Мариќ и со глава донесе водство за гостите. Пелистер беше тој што го контолираше натпреварот, па така во 37 минута по изведувањето на слободниот удар од Кузманов, пред гостинскиот голман Пановски најдобро се снајде Ристевски и донесе израмнување на резултатот на 1:1. До крајот на првото полувреме немаше шанси за постигнување на трет гол. Во второто полувреме се играше рамноправно, но и многу претпазливо на двете страни. Гледачите што дојдоја под ,,Тумбе кафе” да го следат овај натпревар, требаше да чекаат до самиот финиш од натпреварот за да видат уште два гола. Најпрво во 87 минута од натпреварот по асистенција на Таири, Кузманов стрелаше за комплетен пресврт и водство на Пелистер од 2:1. Во последните моменти од натпреварот, Поповски го постигна третиот гол за Пелистер, со што стави точка на натпреварот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.