gogo

A+ R A-


Работнички пресилен за Силекс, Недељковиќ продолжува со гол на секој меч

altРаботнички стигна до убедлива победа од 3-1 над Силекс за привремено да се искачи на првото место во Првата лига до доигрувањето на комплетното коло во недела. Со подобра игра во текот на целиот меч, посебно во второто полувреме, „романтичарите“ го покажаа својот квалитет и стигнаа до нова убедлива победа.
Домаќините поведоа уште во 15. минута преку Елмаз, но „вистинското“ следуваше во второто полувреме, кога прво Кире Маркоски во 65. минута, а потоа и Дурански во 74. минута ја потврдија победата на Работнички. Притоа, домаќините двапати ја погодија и пречката.
Силекс успеа да го ублажи поразот во 87. минута преку Недељковиќ, постигнувајќи гол на сите пет меча од почетокот на првенството. Недељковиќ имаше уште 2-3 можности за гол, а шанси пропуштија и Глигоров и Младеновиќ.  Во квалитетен меч, Силекс не се бранеше, но Работнички беше подобар противник во дербито на 4. коло на ПМФЛ.

РАБОТНИЧКИ - СИЛЕКС 3:1
Елмаз 15’, Маркоски 65’, Дурански 74’ - Недељковиќ 87’
Фото - Ф.Вирановски, Гол.мк

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.