gogo

A+ R A-


Рудан: Одиме на четврта последователна победа со Ренова

altРаспоредот во фудбалското првенство и ждрепката во купот сакаа фудбалерите на Силекс есенва дури четири пати да ги вкрстат копјата со играчите на Ренова. Во претходните три меча кратовци трипати триумфираа, а утре ги очекува тешка задача на незгодниот терен во Боговиње.
-Имавме пех на последните два меча против Брегалница и Турново, на кои заслуживме да победиме, а останавме со четири бода помалку. Сега гостуваме на квалитетниот и секогаш незгоден тим на Ренова, и тому во Боговиње планираме да ги надополниме загубените бодови. Традицијата е на наша страна и верувам дека ќе се вратиме непоразени - вели столбот во одбраната наСилекс, Стефан Рудан.
Ведро расположение владее и во редовите на Ренова, осоколени по триумфот над Младост и ремито со Работнички.alt
-По трите порази од Силекс, крајно време е да славиме. Го респектираме Силекс, но бодовите остануваат кај нас. Играме во добра форма и време е да се искачиме погоре на табелата. Мислам дека Ренова и Силекс ќе бидат тимовите што ќе се борат за излез во еврокуповите - вели „гипсарот“ Бурим Садики.

Мечот се игра во недела од 13.30 часот, а судија ќе биде Александар Ставрев.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.