gogo

A+ R A-


Штерјовски, Митевски и Иванов учеа тренерски занает од Дејвид Мојс

Македонските тренери учеа од Дејвид Мојес во Нион (ФОТО)

Изминативе три дена во Нион, Швајцарија, во седиштетот на УЕФА се одржа вториот модул од програмата за добивање на УЕФА Про лиценца за четвртата генерација македонски тренери. Македонските тренери добија теоретски и практични презентации, меѓу другите и од поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојес кој беше еден од предавачите во Нион, а теоретско-практичната програма беше реализирана и од други врвни европски тренери како Пеки Бонер, Нико Ромејн, Питер Рудбек, Хауард Вилкинсон.

Во Нион изминативе денови, од оваа група на кандидати за УЕФА Про тренерска диплома, беа кратовчаните Момчило Митевски и Драган Иванов - Џајо, како и актуелниот тренер на Силекс, Зоран Штерјовски. Дел од семинарот беа и Драги Сетинов, Жарко Серафимоски, Неби Мустафи, Александар Васоски, Срѓан Захариевски, Игор Ѓузелов, Неџат Шабани, Игор Ангеловски, Гајур Садики, Јане Николоски, Горан Станиќ, Зекирија Рамадан, Виктор Треневски, Миле Димов,  кои секако не ја пропуштија можноста и за заедничка фотографија со Дејвид Мојес.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.