gogo

A+ R A-


Силекс донесе екстра-голмани, Ефремов и Истатов ќе бидат опција меѓу диреците

По заминувањето на двата голмана, Спасоје Стефановиќ и Благојче Иванов, прволигашот Силекс конечно ќе има македонски голман. Имено, и двете алтернативи кои деновиве беа ангажирани се домашни фудбалери, едниот со богато реноме, а другиот со голем потенцијал. За Андреа Ефремов не треба да се трошат зборови,  се работи за екстра голман кој бранел во квалитетни клубови и го има потребното искуство. Кариерата ја започна во родното Свети Николе, во дресот на Овче Поле, а потоа настапуваше во Металург, Работнички и Ренова. Има и интернационална кариера во Португалија и Бугарија, во дресот на Фамаликао и Локомотива Софија. Бранел и за младинските репрезентации, а има еден настап и за сениорската репрезентација на Македонија.
Струмичанецот Истатов доаѓа од косовскиот Феризај, а претходно настапувал за Академија Пандев, Беласица, Турново, Брегалница... И двајцата имаат по 26 години и се очекува жестока борба за позицијата број 1 во клубот од Кратово. alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.