gogo

A+ R A-


Силекс ги испрати „академците“ на Пандев со четири парчиња во мрежата

altФудбалерите на Силекс попладнево го одиграа најдобриот меч во подготвителниот дел, декласирајќи го составот на Академија Пандев со 4-0. Радува добрата игра на избраниците на Жикица Тасевски, кои влегуваат полека во посакуваната форма на две недели пред стартот на првенството.
Кратовци започнаа со најслилниот состав, а веќе по половина час игра водеа со 1-0 по погодокот на српскиот интернационалец Милош Ѓорѓевиќ, кој на најдобар начин се претстави пред кратовската публика, иако се уште нема потпишано договор со клубот.
Неколку минути подоцна и новото засилување Боби Георгиев постигна погодок за два гола предност на полувреме.
Во вториот дел блесна последното засилување Антонио Бујчевски, кој за 45 минути двапати ја затресе гостинската мрежа, покажувајќи дека ќе биде можеби прв избор на Тасевски во нападот на Силекс.
На гостинскиот гол солидно издание имаше довчерашниот голман  на кратовци, Никола Вујанац, кој иако прими три погодоци, за ниту еден нема вина и ќе биде одлична аквизиција за „пандевци“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.