gogo

A+ R A-


Силекс го доби азербејџански Карабах во ЛШ, кратовци ќе гостуваат

Трикратниот македонски првак Силекс ќе игра со азербејџански Карабах и тоа на гости во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, реши денешната ждрепка во Нион за новата сезона во најелитното натпреварување.

Кратовци добија исклучително неатрактивен, но многу тежок ривал за воведното коло, особено што Карабах е бивш учесник во групните фази во европските купови, а Азербејџанците силно инвестираат во фудбалот и имаат далеку поголеми буџети и поквалитетни странци во однос на Македонија.

Ако Силекс не успее да го мине Карабах, европската авантура ќе ја продолжи во второто коло во шампионската група во квалификациите за Лига Европа.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.