gogo

A+ R A-


Силекс го пречекува најпосакуваниот противник на светот - Ренова!!!

Ако и се верува на традицијата, денеска Силекс треба глатко, без поголеми проблеми, да ја совлада Ренова на домашен терен (14 ч.). Верувале или не, кратовци се вистински џелати за тимот од Џепчиште, на последните 11 меѓусебни мечеви имаат само еден пораз, а забележаа пет победи и пет ремија. Но, сега ситуацијата е поинаква, Силекс прокоцка две победи во првите пролетни мечеви, иако имаше водство до пред самиот крај. Од друга страна, Ренова тргна силно, со реми кај Работнички и демолирање на Вардар во претходното коло.
Во Кратово се враќа и довчерашниот играч на Силекс, а сега напаѓач на Ренова, Французинот Емануел Мбела. Ако на брзоногиот напаѓач му требаа 16 кола за да го постигне првиот и единствен гол за Силекс, во Ренова Мбела успеа уште во вториот настап да ја стресе мрежата на Гачевски. Како ќе биде денес во Кратово, останува да видиме?
-За мене нема посакуван или непосакуван противник, постои само противник кој сакам да го поразиме. А за да ја поразиме Ренова, ќе ни треба многу енергија, огромно залагање. Тоа е квалитетен ривал, ќе биде тешко, но на крајот убеден сум дека ќе славиме. А што се однесува до мојот довчерашен соиграч Емануел Мбела, се надевам дека ќе остане на „нула“, барем на денешниот меч, а погодоците нека ги испорача на некој друг терен - со насмевка на лицето и со голем доза оптимизам, изјави крилото Дарко Додев.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска101
mod_vvisit_counterВчера4756
mod_vvisit_counterОваа недела101
mod_vvisit_counterМинатата недела27558
mod_vvisit_counterОвој месец102653
mod_vvisit_counterМинатиот месец116190
mod_vvisit_counterВкупно11438014
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.