gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Силекс го прегази Нефчи, па ремизираше со Црвена Звезда

altПо двата стартни порази од руските второлигаши Оренбург и Луч Енергија, фудбалерите на Силекс влегоа во полна натпреварувачка форма. Првин ремизираа 1-1 со полскиот прволигаш Арка Гдиња, па вчера го прегазија азербејџанскиот прволигаш Нефчи со 3-0, со головите на Г.Глигоров, Благојевиќ и Филиповски.
Доказ дека на кратовци повеќе му лежат прволигаши, отколку второлигаши, е денешното реми со балканскиот гигант Црвена Звезда. Четата на Жикица Тасевски одигра одличен меч, во кој успеа да се врати по негативата од еден гол и со погодокот на Дејан Благојевиќ да стигне до конечните 1-1.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.