gogo

A+ R A-


Силекс гостува на Царев двор, Тимовски убеден дека ќе останат непоразени

altФудбалерите на Силекс денес во Охрид го играат мечот од шестото коло на домашниот фудбалски шампионат. Противник е Младост од Царев двор, тим кој своите мечеви како домаќин ги игра на Билјанини извори во Охрид. Колку кратовци сериозно го сфатиле денешниот меч, говори тоа што уште од вчера се во карантин во хотелот „Силекс“ во Охрид, за што поодморени да го дочекаат денешниот меч.
-Денешниот меч е од големо значење и за двата тима, бидејќи и ние, и домаќините сакаме да ја продолжиме серијата добри резултати на стартот од првенството. Младост има добар екипа, за респект, но ние сме убедени дека од Охрид ќе се вратиме со бодови. Еден или три, ќе видиме, но дефинитивно сум убеден дека ќе останеме непоразени. „Царевите“ имаат неколку звучни имиња во составот, и сеуште се засилуваат, но ние веруваме дека имаме игра со која ќе покажеме дека во мигот сме подобра екипа од нив - вели младинскиот репрезентативец Ангелче Тимовски.
Во обложувалниците благ фаворит е Младост за чија победа е понуден коефициент 2.40, а за триумф на кратовци квотата е околу 2.70.
Мечот се игра од 16 часот во Охрид. Главен судија ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.