gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Силекс ќе одмара до 8 јануари, на 22-ри заминува за Анталија

altКратовскиот прволигаш, и некогашен шампион на Македонија, тимот на Силекс, сезонава стана сериозен кандидат за највисок пласман. На половина од шампионатот, одлично котираат на табелата и планираат со добрите игри и резултати на пролет да обезбедат пласман во Европа. За тоа потребни се добри зимски подготовки, а секако за тоа специјализирана е Анталија.
„Планираме повторно да заминеме за Анталија на двонеделни подготовки, а веќе имаме и закажано пријателски натпревари со 4-5 противници. Верувам дека ќе го оствариме планот, а потоа ќе се обидеме да останеме во трката за висок пласман. Ќе има и засилувања за пролетниот дел од сезоната, но засега се уште нема конкретни имиња“, вели тренерот Жикица Тасевски.
Приоритет за Силекс се добри зимски подготовки, кои според планот на Тасевски и неговите помошници треба да започнат на осми јануари. До 22. ќе се тренира во Кратово, по еднаш дневно во сала и на отворено, а потоа главниот дел е пат за Анталија. Од 22. јануари до 4. февруари е периодот за подготовки во турското одморалиште. Лани во зимскиот период за првпат Силекс беше на подготовки во Анталија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3873
mod_vvisit_counterВчера4030
mod_vvisit_counterОваа недела7903
mod_vvisit_counterМинатата недела36590
mod_vvisit_counterОвој месец180248
mod_vvisit_counterМинатиот месец304460
mod_vvisit_counterВкупно9096406
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.