gogo

A+ R A-


Силекс му го испорача првиот овосезонски пораз на Шкупи

altАктуелниот првак Вардар останува единствениот непоразен тим во македонскиот шампионат, откако кратовци му го нанесоа првиот пораз на квалитетниот состав на Шкупи. Чаирчани издржаа шест кола, но во седмото прволигашко коло наидоа на противник кој на сопствен терен многу тешко губи бодови, што ги чинеше прв пораз, и тоа минимален од 0-1. Чаирчани имаа далеку поголем посед на топката, почесто беа пред голот на Митровиќ, но не успеваа да создадат конкретни шанси за гол, најчесто се се сведуваше на удари од далечина или уфрлувања во шеснаесетникот, кои не беа некаква опасност за една од најдобрите одбрани во лигата. Од друга страна, фудбалерите на Силекс одиграа зрело, малку подефанзивно ориентирани, но со брза трансформација од одбрана во контранад, што дефинитивно е главното оружје на кратовци во новата сезона. Како и на претходните два меча во Кратово, кога минимално беа совладани Брегалница и Ренова, така и вчера на кратовци им беше доволен само еден гол за нови три бода со кои се искачија повторно на третата позиција од табелата. Моментот на одлука се случи во последната минута од првиот дел, кога Мицков од својата половина уфрли пред гостинскиот шеснаесетник, каде Ѓорѓиев со глава спушти до Недељковиќ, а овој во полн трк со полуволеј ја погоди пречката. Топката, на негова среќа се одби зад линијата и заврши во мрежата на Зендели, за големо славје на трибините.  Оливер Арсовски

Момчило Митевски

Силекс и Шкупи одиграа навистина квалитетен меч, во кој гостите покажаа зошто досега биле непоразена екипа во првенството. Ние искористивме една шанса, имавме уште две кои останаа нереализирани, а свои шанси имаше и Шкупи. Мислам дека победата е заслужена и им честитам на моите играчи.
Зекирија Рамадан

Ова беше вистински дерби-меч, какви досега одиграле многупати Силекс и Шкупи. Знаевме дека овој меч може да го одлучи само еден погодок, и токму тоа се случи. Им ја честитам победата на домаќините, иако можеби и ние заслуживме да стигнеме до бод, но таков е фудбалот.

-повеќе во утрешното издание на Македонски спорт

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.