gogo

A+ R A-


Силекс оди на „релаксирачко“ гостување во Штип

Кога работата ќе ја завршиш на шест кола пред крајот на првенството, тогаш ти останува да се „релаксираш“ на тие последни шест меча. Така некако стојат работите со фудбалскиот погон на Силекс, пред денешното гостување во Штип кај лутиот ривал со кој имаат голем ривализам со години наназад. Ако кратовци го осигураа опстанокот, тоа не може да се каже за штипјани, на кои им гори под нозе и бодовите им требаат како сув леб. Арно ама, кратовци бодови никому нема да дадат на тацна.
-Иако сме со обезбеден опстанок, нашата битка за бодови продолжува. Во Штип одиме по бодови, а јас ќе сторам се за да ја сочувам мрежата. Брегалница има стар долг од есенската полусезона, кога останавме со празни раце и без премија поради киксот во Штип - вели голманот Трајче Ников.
-Попуст нема, посебно кога се работи за штипјани. Јас си имам стари мотиви кои денеска чекаат да бидат реализирани - вели Стојанче Велинов.
Мечот започнува во 16 часот на градскиот стадион во Штип, а мечот ќе го суди струмичанецот Мавров.
Во текот на вчерашниот ден квотата за 1 беше 1.50, а утринава падна на 1.33. Но, квотите понекогаш залажуваат, нели?alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.