gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Силекс - Победа: Десниќ и Тимовски веруваат во триумф на своите тимови

altМечевите меѓу Силекс и Победа од Прилеп од секогаш не биле многу убави за гледање, но затоа биле полни со жар, искри на теренот, провокации од двете страни. Во склад со традицијата, не е исклучено и утре оваа пресметка да донесе голема и беспоштедна битка на теренот, а влогот не е мал, три бода и закотвување во горниот дел од табелата.
-Ние како тим имаме голем респект кон Победа бидејќи се одлична, и пред се, искусна екипа. Знаат да играат тактички добро и на резултат, што значи дека ќе биде пеколно тежок меч. Сепак, нам бодовите ни се неопходни и со сите сили ќе тргнеме кон освојување на целиот плен - вели напаѓачот Дарио Десниќ, од кого се очекува и првиот прволигашки погодок.
Кај Силекс ќе недостига Стефан Милосављевиќ, кој вчера беше избркан од Кратово.
На спротивната страна, со свои математики се и прилепчани, а за изјава го прашавме довчерашниот силексовец Ангелче Тимовски, кој со посебен мотив ќе се појави на зелениот тепих во Кратово.alt
-На секој меч влегувам со емоции и силен мотив, но мечот против мојот Силекс ќе биде со посебна енергија. Силекс има добра, но нова екипа, слично како нас. Тоа значи дека и тие не се уште добро воиграни. Јас сакам да има фер и коректен меч, на кој подобриот нека победи. Можеби ќе има некоја ситна провокација кон мене, но јас сум професионалец и ќе сторам се мојот тим да победи - вели Ангелче Тимовски.
Во составот на Победа ќе ги нема Ѓорѓи Танушев, Карчевски и Гешоски.
Судија на мечот е струмичанецот Васко Мавров. Старот на натпреварот е во сабота во 16.15 ч.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3172
mod_vvisit_counterВчера3106
mod_vvisit_counterОваа недела18902
mod_vvisit_counterМинатата недела21497
mod_vvisit_counterОвој месец54137
mod_vvisit_counterМинатиот месец95959
mod_vvisit_counterВкупно10426704
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.