gogo

A+ R A-


Силекс - Победа Јуниор 2-0 ВИДЕО

Силекс повторно се врати на победничките патеки, откако во минатото коло беше поразен од тимот на Тетекс. Нова жртва на машинеријата на Силекс беше младиот состав на Победа Јуниор, кој жилаво се бореше против моќниот состав од Кратово, но сепак беше принуден двапати да ја вади топката од мрежата и да си замине без бодови за Прилеп.
Отпорот на гостите беше скршен во 30-тата минута, кога Пановски прецизно нафрли од десната страна, а Велинов со удар ниско по земја го совлада Талевски.

Во вториот дел кратовци ја завршија работата веќе во првата акција по изведениот центар. Повторно Пановски беше асистент, а овојпат со глава прецизно биеше Ѓорѓиев за конечни 2-0. Малку неизвесност во мечот можеше да внесе Зојчевски на дваесеттина минути пред крајот, но утна празен гол од само неколку метри. За одбележување е и фудбалската мајсторија на Заревски во финишот на мечот, кога со „ножички“ упати за малку непрецизен удар. Оливер Арсовски

ВМФЛ – 24. КОЛО

alt

Силекс – Победа ј. 2-0
Врапчиште – Зајас 1-0
Маџари – Шкупи 0-0
Новаци – Борец 2-1
11. Октомври – Скопје 1-3
Тиверија – Дрита 1-0
Кожуф Гевгелија – Локомотива 3-0
Руфеја – Тетекс (не се одигра)

 Табела: Силекс 58, Тетекс 51, Врапчиште 45, Дрита 42, Шкупи 41, Скопје 40, Кожуф 38, Победа ј. 36, Тиверија 35, Зајас 32, Маџари 31, Руфеја 21, Новаци 19, 11. Октомври 18, Борец 14, Локомотива 14

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.